Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал по повод Прочка

Во организација на Месната заедница од село Велгошти, а повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал во Велгошти. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски.  За најдобрите изработени маски во повеќе категории беа обезбедени богати награди. WebOhrid

повеќе...

Честитка на претседателот на СДСМ Заев за Прочка: Совеста ни го отвора вистинскиот пат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати Честитика до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Синодот и претставниците на МПЦ, до сите граѓани кои го чествуваат денешниот голем христијански празник Велики поклади – Прочка. „На вас и на сите граѓани кои денеска чествуваат Велики поклади – Прочка, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име, го честитам овој голем празник на духовно помирување и простување и пожелувам сите да го поминеме спокојно, во лична харомонија, со своите најблиски и семејствата. Историјата бележи низа индивидуални и колективни искушенија…

повеќе...

Денес е Прочка – Велики поклади

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и…

повеќе...

Маскенбал во Велгошти по повод Прочка – Поклади

По повод празникот Прочка – Поклади, утре, недела (13-ти март), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал. „Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти. Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров“. WebOhrid

повеќе...

Светиот апостол Филип, свети Григориј Палама, светиот цар Јустинијан (Божикни поклади)

Светиот апостол Филип Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори…

повеќе...