„Детектор за лаги“ овој петок повторно пред охриѓани

Хит претставата „Детектор за лаги”, во петок (18ти март) повторно на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот за култира по цена од 150 денари.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.