Вчера нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 13.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381се од машки пол, 19.617се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 13.03.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.03.2016 година евидентирани се вкупно 34 баратели на азил од кои 16 мажи, седум жени и единаесет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.