ПС Струга поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект – станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.
ПС Струга поднесе кривична пријава против Ќ.М. (56) од с. Биџево, управител на ГТУД „Трим“ ДОО – Охрид и правното лице ГТУД „Трим“ ДОО Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во својство на управител на правниот субјект, како инвеститор на локација во катастарска општина Струга, без одобрение за градење започнал градба на колективна станбена зграда. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.