УХМР: Не очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег

Времето денеска вo Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините само снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Tемпературата ќе се движи од -5 до 7 °С.

Според метеоролозите, во текот на оваа недела ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Температурите ќе се движат од 0 до 10 степени. Веќе од понеделник не очекува сончево време, каде што температурата ќе достигне до 16 степени.

Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради снежни врнежи на патниот правец Крак Маврово-Дебар во 21.00 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Слаб снег провејува и на Стража, Буково и Берово но не претставува пречка во одвивање на сообраќајот. Сообраќајот кој поради голем одрон на патниот правец Скопје-Велес се одвиваше по една коловозна лента е нормализиран и се одвива без забрани, застои и ограничувања. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.