Денес во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. Вилем Пломп.
На средбата стана збор за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со мигрантската криза, при што министерот Спасовски го информираше амбасадорот на Холандија дека сега состојбата на границата со Грција е стабилна. Амбасадорот Пломп ја истакна поддршката што Кралството Холандија ѝ ја дава на Република Македонија.
Амбасадорот Пломп упати честитки до полицијата на Република Македонија за начинот на кој реагираше при справување со настаните во општина Бутел и протестот и контра- протестот пред Уставниот суд, како и за начинот на справување со мигрантската криза.