Отслужено Мало повечерие заедно со првиот Акатист на Пресвета Богородица

Денес во петокот од Првата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ беше отслужено Мало повечерие, заедно со првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски.

По завршувањето на Акатистот, многубројниот верен народ, со почит и молби кон Пресветата Мајка Божја, пристапи кон целивање на акатистната икона, просејќи од Пречистата застапништво пред Нејзиниот Син и наш Бог.