Сениорската машка репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април 2016 ќе настапи на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри. ИХФ денеска ги објави точните термини за почеток на натпреварите што ќе се играат во ЕРГО Арената во Гдањск, Полска.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
08.04.2016 (20:30) Полска – Македонија
09.04.2016 (18:00) Македонија – Тунис
10.04.2016 (18:00) Македонија – Чиле