Вчера во 15:15 часот во СВР-Охрид од страна на екипа на ИМП пријавено е дека во МЦ-Охрид е пренесено повредено лицето М.М.(42) од Струга.
Од страна на полициски службеници по преземени мерки констирано дека вчера околу 15,00 часот во семејната куќа на Е.М.(71), по претходна расправија помеѓу оштетениот и Е.М., во еден момент истиот со неколку удари со секира му нанел телесни повреди (расекотини во пределот на главата десната дланка и десната подколеница) на М.М.. Е.М. е пронајден и приведен во СВР-Охрид, а секирата со потврда за одземени предмети е одземена за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.