По повод Денот на пролетта – Денот на екологијата, учениците од основното училиште „Григор Прличев“ активно се вклучија во одбележувањето на овој ден со работна акција во која го уредуваа училшниот двор.
„Убавиот сончев ден ги пречека вредните детски рачиња кои грижливо ја уредуваа своата најблиска околина. Најпрво се изврши чистење на училшниот двор, прибирање и селектирање на отпадот во содветни кеси, а потоа беа засадени цвеќиња. Учениците беа неуморни во извршувањето на своите задачи, си помагаа и одлично се справија со предизвикот. Убаво уредениот училишен двор е огледало на нашето училиште, а уште повеќе на учениците кои учат во него!“– велат од ОУ „Григор Прличев“.