Утре 22 март Институот за јавно здравје ќе го одбележи Светскиот ден на водата во КИЗ Салон 19,19 со театарска претстава, проекција на два кратки филмчиња и трибина.
Вода и работни места
• Повеќе од 3,6 милиони луѓе секоја година умираат од болести поврзани со водата во нееколошка средина.
• Секој ден 38 работници умираат од болести предизвикани од вода.
• Во Суб-Сахарна Африка жените и девојките секојдневно користат преку 25% од времето за снабдување со вода.
• Повеќе од 1/3 од училиштата во земјите во развој немаат пристап до чиста вода за пиење и за хигиена.
• Смртните случаи можат да се превенираат со подобра вода и санација
Годинава Институтот за јавно здравје на РМ деветти пат го одбележува Светскиот ден на водата со цел да ја подигне свеста кај општата популација за значењето на водата за здравјето на луѓето.
Годинава се вклучени децата од градинката Спирит, учениците од ООУ Јохан Хајнрих Песталоци кои одговорија на прашалници, чија цел е да дознаеме колку тие се информирани за водата воопшто, нејзиното значење и за состојбата во Африка, како континент кој се уште има проблени со достап до безбедна вода за пиење.
Средношколците од Економсо-правното училиште „Васил Антевски – Дрен“ се вклучени во трибината на тема: – Колку знаеме за врската меѓу водата и здравјето и дали знаеме да ја штедиме, на која на нивните прашања ќе одговараат експертите за вода од Институтот за јавно здравје и производителите на вода кои учествуваат во манифестацијата: Кожувчанка, Магрони (Ладна и Добра вода) и Визијана.
На 22 март (вторник) во КИЦ Салон 19,19 во организација на Кат продукција, Драмското студио Ѕвезда ќе изведе театарска претстава КАПКА ВОДА ЗА ЖИВОТ и ПОДОБРА ВОДА, ПОДОБРА РАБОТА, ПОДОБАР ЖИВОТ за да им ја доближи годинашнава порака на денот на водата на децата и учениците.
Спред прашалниците за најмалите водата е кога паѓа дожд, мокра и се пие, водата е чешма, водата е за да се бањаш итн. За учениците таа е природно богатсво без кое нема живот, течност без која човекот не може да живее, течна материја без мирис, боја и вкус, течност што сочинува 95% од нашето тело. За децата водата е сина или бела, а за учениците таа е безојна. За најмалите најмногу вода има чешмата и бунарот, но и океанот, а за учениците океанот е тој што изобилува со вода.
И едните и другите подеднакво знаат и незнаат дека во Африка мајките и децата поминуваат најголем дел од денот снабдувајќи го домаќинството со вода. Децата пијат вода од чешма, по некогаш Ладна и Добра… Баба му верува на дедо и пие, Кожувчанка … Мама и тато носат дома големи шишиња Визијана…
Знаат дека водата ја штедиме ако не ја оставаме да тече без потреба, ако апаратите за перење ги вклучуваме само кога се полни, а славините чество ги проверуваме. Но, тоа го прават најчесто, или понекогаш, а не секогаш, а најмалите велат дека за тоа се грижат мама и тато… Научија дека за да го прават тоа постојано треба да помислат на децата во светот кои немаат пристап до безбедна вода за пиење.
Од прашалниците научија дека водата е загадена кога има бактерии, дека ако се тушираме пократко од пет минути и ако ја сопираме водата додека ги четкаме забите заштедуваме 15 литри вода во минута и 4000 литри месечно. Научија дека Институтот за јавно здравје се грижи граѓаните да пијат безбедна вода, дека човекот без вода може да живее само 72 часа, дека водата сочинува 92% од крвта, 22% од коските, 75% од мозокот и од мускулите и дека без вода нема живот.
Светскиот ден на водата е меѓународна манифестација која под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации – UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација, секоја година на 22 март со разновидни активности се одржува ширум светот. Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.
Денес, околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. Темата за оваа година е „Водата и работните места“, а целта е да покаже дека доволните количини вода и квалитетната вода може да го сменат животот и егзистенцијата на работниците, па дури и да трансформира општества и економии.
Проценето е дека во 2014 година,околу 37% од населението, или околу 770.000 луѓе, во Република Македонија живеат во 1.420 рурални населени места. Околу 27% од руралното население се конектирани на градските водоводнисистеми, професионално менаџирани од 56 јавни комунални претпријатија. Околу 62% oд руралните жители се снабдувааат со вода од мали водоводи во селските населби кои користат сопствено извориште; околу 4% oд руралното население зависи од локалните водоснабдителни објекти(бунари, пумпи, селски чешми, кладенци). Заеднички проблеми кои влијаат на квалитетот на водата за пиење во малите водоснабдителни системи се недостиг на заштитни зони и огради, застаренaта и оштетена водоводна мрежа, нередовното хлорирање на водата за пиење и несоодветното пречистување на водата.