Со вчерашното возење на релација Охрид (ОСУ „Св.Климент Охридски“) – Струга (ОСУ „Ибрахим Темо“) официјално ЈП „Билјанини Извори“ во сообраќај за 2016 година го пушти панорамскиот двокатен автобус.
Оваа година можноста за користење на панорамскиот автобус први ја искористија учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ кои предводени од соодветниот наставен кадар имаа научно природна посета на своите врсници од ОСУ „Ибрахим Темо“.
ЈП „Билјанини Извори“ ги потсетува сите институции, правни субјекти посебно тие кои ја сочинуваат и градат туристичка понуда на Охрид дека двокатниот панорамски автобус од денес ќе можат да го користат за превоз на организирани групи.
За таа цел сите заинтересирани може да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (Спортска сала „Билјанини Извори“) или на службениот телефон 046/231-535 каде ќе можат да добијат повеќе информации.