Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Брисел упати сочувство до Кралот на Белгијците, Н.В. Филип.
„Ваше Величество,
Со длабока загриженост ја примив веста за грозоморните напади во Брисел.
Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани.
Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата болка за трагичната загуба во кукавичкиот акт. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.“- се вели во сочувството.