Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ј.П.(30), С.К.(28) и Б.С.(30) сите од Струга. Пријавените, кривичното дело го извршиле на 13-ти март годинава околу 02 часот во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга.
Тука, првопријавениот Ј.П. упатил заканувачки зборови кон М.Ѓ. вработен во полициската станица во Струга по што со рака го фатил во горниот дел од блузата и го истуркал.
Напуштајќи го ноќниот клуб, М.Ѓ пред влезот бил сочекан од првопријавениот кој физички го нападнал задавајќи му неколку удари со тупаница во пределот на главата. Веднаш потоа, во физичкиот напад се вклучиле и сега пријавените С.К. и Б.С. кои на М.Ѓ. му нанеле повеќе поединечни удари по целото тело. Тој паднал на асфалтот, но и покрај тоа пријавените продолжиле со удари со нозе и раце по телото при што му нанеле тешка телесна повреда скршеница на коска на рака.