Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 22 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на населба „Горица“. Од здобиените повреди, на лице место почина Аднан А.(26) од Кичево додека А.Л. (26) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди. Тој, итно е префрлен во Општата болница во Кичево а потоа испратен во Ургентен центар –Скопје.

Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец Охрид-Кичево, управувал патничко моторно возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски таблици. Тој, започнал да врши престигнување на патничко возило „Волсфаген Пасат“, по што изгубил контрола, преминал на левата страна од патот и излегол надвор од коловозот. Во следниот момент, возилото се извртило и со бочниот десен дел удрило во рекламното пано и повторно се извртело. Возачот и сопатникот А.Л. испаднале од возилото кое, потоа со задниот лев дел удрило во патничко возило „Поло“ кое било паркирано во кругот на блиската бензиска пумпа.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Опел-Вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед.