„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “ – Охрид денес беше посетено од страна на „Библиотеката на тркала“ што е во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Оваа активност е со цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата.

GE DIGITAL CAMERA

„Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони во државата за да им се овозможи пристап до материјали за учење на учениците од прво до трето одделение.

GE DIGITAL CAMERA

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и има за цел да ја процени и подобри јазичната и математичката писменост на децата од почетните одделенија. Покрај „Библиотеката на тркала“ проектот спроведува голем број обуки и активности за професионален развој на наставниот кадар, издава сликовници и ресурси за учење на најмладите, а во рамки на овој проект, за прв пат во Македонија се адаптираат и спроведуваат алатки за процена на почетната јазична и математичка писменост кои даваат подобра слика за постигањата на учениците и помагаат соодветно да се планираат понатамошните активности.

GE DIGITAL CAMERA