Под организација на Друштвото на Биолози на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Биологија.
Седмооделенци од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ги освоија првото и второто место по ранг листа натпреварот. Првото место и припадна на ученичката Евгенија Пулеска, додека второ место освои ученичката Екатерина Бочвароска.
Во деветто одделение, ученикот Дамјан Митрески го освои третото место по ранг листа на натпреварот.
Сето ова е постигато под менторство на наставничката по биологија и хемија, Маја Попоска.
„Сакам да им честитам на учениците за постигнатите резултати, да им посакам понатамошен успех на Државниот натпревар, а воедно ја користам оваа прилика да и заблагодарам на менторот Маја Попоска за својата пожртвуваност и залагање. Секогаш скромна и тивка, а воедно голем борец и ентузијаст која секогаш несебично посветува време за своите ученици.“– вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски.
Државниот натпревар по биологија ќе се одржи на 24-ти април, на Природно математчкиот факултет во Скопје.
WebOhrid