Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2015 година изнесува 70 139.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 23 843 субјекти или 34.0% и Преработувачка индустрија со 7 639 субјекти или 10.9%
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 173 субјекти или 0.2% и Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80.2% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10.4%, па субјектите со 10-19 вработени со 4.3%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.8 %, со 1.9% учествуваат
субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.