Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието на Р. Македонија денес во просториите на училиштето ОУ„Дебрца“ с. Белчишта се реализира третата работна средба со наставниците-имплементатори и учениците од партнер училиштето „Нури Мазари“ од с. Корошишта, струшко.
„И нашите ученици се вклучени во реализацијата на заедничките активности за кои нашето училиште имаше поднесено апликација на повикот од УСАИД за мали грантови за реализација на заеднички меѓуетнички активности. Целта на овие средби е учениците да комуницираат, соработуваат и другаруваат меѓу себе. За време на ваквите средби наставниците-имплементатори се трудат да воспостават опуштена атмосфера и сите предвидени активности да се реализираат преку групна работа и изработка на заеднички финален продукт.“- информираат од училиштето.
Активностите ќе бидат финализирани на 11-ти април во просториите на ОУ„Дебрца“ с. Белчишта.