Одбележан Денот на шегата во ОУ „Христо Узунов“

Традиционално учениците од ОУ „Христо Узунов“ го одбележаа 1ви април- Денот на шегата.

„Учениците и наставниот кадар со голем број најразлични маски продефилираа во училишниот двор, а потоа по улиците на градот, а потоа заминаа на градскиот плоштад каде се придржија на пригодната програма. Весел и прекрасен ден е 1ви април за дружење и сега на учениците“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.