Лазаревска: Бакрачески и ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани

„Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за охриѓани и нивните потреби, туку исклучиво за бизнис интересите и тендер политиките бандата на Никола Груевски. Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани“, обвини денес на прес-конференција раководителот на Центарот за комуникации ОО СДСМ Охрид, советничката Жаклина Лазаревска.

Како што кажа таа, во Охрид го нема ветениот затворен пазар, го нема ни домот за стари лица. 

„Наместо индустриска зона во Мауцхер, има голема депонија на која се складира градежен шут и ѓубриште од целиот град. Нема ни откупно-дистрибутивн центар за земјоделски производи. Ја нема ни индустриската зона Охрид-Струга. Ниту пак новата модерна автобуска станица. Граѓаните сеуште пијат вода од азбестни цефки, а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со народни пари за реновирање на кејот којшто се наоѓа во добра состојба. Граѓаните возат по руинирани улици, а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошат парите на граѓаните за луксузни возила. Во отчетот Бакрачески не кажа за кредитот со кој наводно требаше целосно да ја реконструира инфраструктурата на улиците „Питу Гули“ и „Ристо Чадо.“ Бакрачески не кажа ниту за тоа на која начин се донесуваат урбанистички планови за задоволување на бизнис апетитите на поединци. Не кажа ниту за економски нелогична зделка, за одржување на јавното осветлување во Охрид, според која општината се откажува од приходи во буџетот во наредните години и тоа во износ што надминува 5 милиони евра.  рече Лазаревска.

Лазаревска додаде дека градончалникот Бакрачески не направил ништо, освен што ги задолжил охриѓани со кредити, дополнително, го оставил градот без атрактивното земјиште, со не решени урбанистички планови, со училишта без основни услови за работа.

„Поради “дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид e на првото место по бројот на иселени млади луѓe. Ова е отчетот на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. Времето на Никола Груевски и Никола Бакрачески помина. Доаѓа времето на соочување со одговорноста за криминалното владеење.  Вистинскиот отчет ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат по демократските избори кога ќе се соочат со одговорноста за криминалното владеење во изминатите 10 години, на штета на граѓаните.“- заврши Лазаревска.

WebOhrid