Вчера околу 16:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево полициски службеници, по писмена наредба од Основен суд Кичево, а поради постоење основи на сомнение дека се превезуваат фалсификувани пари, извршиле претрес во ПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДПТ „Адријус“ДОО-Скопје, а управувано од Т.А. (44) од Скопје, во кое како сопатници биле лицата В.И. (45) од с.Сарај, скопско, и И.К. (47) од Скопје.
При претресот над лицата и возилото биле пронајдени 51 фалсификувана банкнота од по 500 денари во чанта на И.К., нотес со евиденција каде ги пуштал во оптек, и уште три банкноти од по 500 денари биле пронајдени во возилото. Лицата се приведени за понатамошна постапка.