„Нашиот предлог е да се избрише ставот во кој што се вели: Во контакната зона на старото градско јадро, поточно во контакната зона не смее да се врши земјени или други градежни работи без археолошки надзор, да се предвидуваат новоградби, сообраќајници и други градежни работи без археолошки истражувања на просторите за кои има и постојат археолошки локалитети“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.