Поради зголемениот интерес, новиот Македонскиот филм „Џган”, во петок (15-ти април) повторно на репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид.
Филмот ќе биде со почеток во 20:00 часот, a влезот ќе чини 100 денари.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.
Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.