Продлабочување на соработката со асоцијацијта на македонците во Пирот

Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, денеска прими делегација од Националниот Совет на Македонската национална заедница во Пирот, Република Србија. Целта на средбата беше воспоставување на соработка со Општина Охрид во делот на културата и образованието. Гостите ги презентирани досегашните достигнувања на здружението „Бели Мугри“ кое преку своите активности придонесува за промоција и афирмација на македонскиот јазик и македонската култура во Пирот и Република Србија.

Pirot080420164852