Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот А.А. , кој беше повреден во вчерашните настани на јужната граница и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците и припадниците на АРМ беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија.