Времена забрана за сообраќај на патот Кичево-Охрид

Патниот правец Кичево-Охрид-Кичево во периодот од 23:00 часот на 01.01.2015 до 02:00 часот на 02.01.2015 ќе биде во прекин за сообраќај на сите моторни возила. Возилата кои ќе сообраќаат од Охрид кон Скопје ќе се пренасочуваат на патниот правец Охрид-Ресен-Битола-Прилеп и на патниот правец Охрид – Ресен – Битола – Д.Хисар- Кичево. Возилата кои ќе сообраќаат од Скопје кон Охрид ќе се пренасочуваат на патниот правец Кичево – Д.Хисар – Битола – Охрид. Забраната за товарни возила и автобуси на планинските премини Стража и Буково е сеуште во тек.

На патниот правец Струга-г.п. Ќафасан укината е забраната за тешки товарни возила и автобуси.

 На патниот правец Кичево – Охрид кај планинскиот премин Пресека дозволен е сообраќај само за патнички моторни возила. Поради остатоци од снег, сообраќајот се одвива забавено и се препорачува внимателно возење и поседување на зимска опрема во возилата.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово-Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Стража и Буково и Пресека. На планинскиот премин Пресека забраната важи и за автобуси.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските температури во ноќните часови се забележува појава на голомразица.