Учениците од четврто одделение од ОУ „Григор Прличев“, во рамките на практичната настава по преметот „Општетсво“ , денеска беа во посета на Општина Охрид.
По обиколката на неколку сектори и одделенија на локалната администрација, учениците се интересираа за начинот на изборот и работењето на градоначалникот и членовите на Советот на Општина Охрид, како и функционирањето на Локалната самоуправа.