Вработени во фирма во Струга извршиле нелегална сеча на дрва

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правниот субјект АД „Илинден“ од Струга и Р.Т. (63) од Струга, директор во „Илинден“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.

Во текот на јануари 2016 година вработени во акционерското друштво, бесправно и без никакво одобрение за сеча, извршиле сеча на дабова шума во ширина 120 метри и должина од 200 метри. Бесправната сеча се случила во катарстарска општина „Издеглавје“ на м.в. „Брежница“. На тој начин била извршена нелегална сеча на дабово огревно дрво со вкупна дрвна маса од 144 метри кубн. Истот на 27.01.2016 година, со записник, било констатирано и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство од Охрид.

Со бесправната сеча на дабово огревно дрво пријавените го оштетиле Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ и Шумското стопанство „Галичица“ од Охрид.