Заеднички активности на ОУ „Дебрца“ и „Екрем Јакупи“ од Корошишта

Денес во просториите на основното училиште „Дебрца“ с. Белчишта се реализираа предвидените Меѓуетнички заеднички активности со партнер училиштето „Екрем Јакупи“, с. Корошишта подржани и финансирани од страна на УСАИД, општина Дебрца и училиштето Дебрца.

„Самиот слоган на овие активности „Јас и ти –силата на светот“ имаше една единствена цел, преку креативни работилници да се презентира дека јазичните бариери и верската определба не се никаква пречка за да можеме заедно да се соработуваме и живееме.“- велат од ОУ „Дебрца.

DSC00254

Активностите беа проследени од претставници од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, претставници од Општина Дебрца, претставници од партнер училиштето, родители, наставници и ученици.

„Овие активности беа успешно завршени и истите ќе бидат долго запаметени и ќе послужат како пример за еден прекрасен поминат заеднички ден.“- додаваат од училиштето.

DSC00241