Комуналец: Се коси тревата низ градот

Зголемените температури и врнежите на дожд во изминатите неколку дена придонесоа вегетацијата на тревата низ градот да нарасне со зголемено темпо, така и службите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со тековно уредување на улиците и парковите со косење на истата.

„Изминативе неколку денови се косеше на неколку локации каде беше опфатен стариот дел на градот, „Туристичка”, улиците „Бистрица” и „Шар планина” и покрај кејот „Македонија”.“– велат од претпријатието.