Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалните центри за Гранични работи и Одделенијата за превенција во Секторите за внатрешни работи и Министерството за образование и наука (Директори од Основни и Средни училишта) организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема: „Заштита од зависност на дроги ,алкохол и цигари “.
Проектот има превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од основните и средните училишта) да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и употреба на дрога ,алхохол и цигари.
Од страна на Регионалните Центри за Гранични работи (Север ,Исток Југ и Запад), во соработка со Секторите за внатрешни работи, во текот на изминатиот месец одржаа седум едукативни средби со ученици во просториите на основните и средните училишта, на кои истите беа запознаени со терминот дрога, опојна дрога, депресивни средства, видови на дрога, карактеристики кои ги носат зависниците, последиците и кривичните дела поврзани со дрогата.
Исто така, преку презентацијата, на присутните ученици им беше укажано за штетните последици (здравствени, психолошки, семејни, социјални, училишни и финансиски кои настануваат при употребата на дрогата), законските одредби на Кривичниот законик на Р.Македонија и санкции за лицата кои ги чинат овие кривични дела.
Покрај штетните последици по здравјето на младите луѓе кои можат да ги предизвикаат илегалните дроги, се истакнаа и штетните последици кои можат да ги предизвикаат кафето, тутунот и алкохолот.
Целта на проектот е јакнење на превентивната улога на полицијата преку проактивен пристап-соработка со заедницата, да се зголеми превенцијата околу злоупотребата на дрогите и личната заштита на најмладата популација.