Се реконструираат кошаркарските терени во СРЦ „Билјанини извори“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ согласно пролетната програма за обнова и реконструкција, започна со активности на отворените кошаркарски спортски терени во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Овие активности веруваме дека ќе овозможат подобри услови за рекреирање на сите наши кошаркарски корисници. Активностите кои се извршуваат деновиве се во насока на замена на старите кошаркарски табли, замена на кош обрачите, комплетно бележење на кошаркарските отворени терени како и оспособување на системот за осветлување кое е поставено се со цел рекреативците да можат да ги користат нашите услуги и во доцните вечерни часови. “ – велат од претпријатието.

ЈП „Билјанини Извори“ согласно своите можности ќе продолжи со активностите кои во еден мал, но значаен дел за нашите корисници, ќе ги подобрат условите на отворените спортски терени.

13001170_1002795866422656_1716049356600233718_n