Остварена средба со жителите од УЗ „15ти Корупус“ и „Гоце Делчев“

Во просториите на општина Охрид, вчера попладне, се одржа средба помеѓу одговорните од Локалната самоуправа, директорите на Јавните претпријатија и жителите од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“.

На средбата се разговараше за актуелните потреби кои ги имаат жителите од овие две урбани заедници, како и за идеи за понатамошно планско развивање на просторот од овие урбани заедници.

На средбата покрај Секретарот на општина Охрид, беа присутни и раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија.

UZ15Korpus134851