Денеска во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид после повеќе од 12 години пуштна е во употреба училишната фонтана.
„Радоста и кај учениците и вработените беше голема. Истата е значајна покрај за учениците, вработените и за туристите кои секојдневно поминуваат во овој дел на градот. Како училиште сакаме да изразиме голема благодарност до директорот на МЈП „Проаква“- Охрид Томе Паскалоски и вработените, кои наидоа на разбирање и конечно после една деценија се реши проблемот.“– велат од училиштето.