Втора година по ред ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ успешно реализира проект во рамките на Еразмус+ програмата, а со грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Оваа година 35 наши ученици и 4 наставници имаа можност да посетуваат 14-дневна настава и практична обука во партнер училиште во Истанбул, Турција во периодот од 27.03. до 10.04.2016 година. Учесниците во проектот се стекнаа со нови знаења и вештини од областа на електротехниката и машинството. Училиштето располагаше со над 20 добро опремени лаборатории за практична настава, а нашите ученици ги посетија лабораториите за телекомуникации, одржување на лифтови и подвижни скали, програмирање на PLC, аудио-визуелизација, безбедност и контрола, индустриско одржување и поправка, електрични мерења и лемење“ – истакна директорот Јане Цаноски.
За време на престојот, учениците и наставниците посетија дел од културно-историските споменици во Истанбул. Сите учесници се стекнаа со европски сертификати за учество и стекнати знаења и вештини за време на мобилноста.