Утре во Охрид официјално отворање на Codefest 2016

Утре во Охрид, официјално ќе биде отворен 4тиот по ред Codefest. Гости на официјалното отворање кои ќе имаат свои излагања покрај организаторите на настанот, ќе бидат Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, и Rozandi Louw, програмска директорка на Швајцарската програма ИМЕ (Increasing Market Employabil

Оваа година настанот се состои од три делови: еднодневна технолошка конференција Codeference, која се одржува утре (петок, 15.04) и на која ќе учестувааат истакнати имиња од повеќе странски и наши институции. Меѓу истакнатите предавачи и панелисти се вбројуваат Атанас Рајков, Генерален Менаџер за Viber за Централна и Источна Европа, високи претставници од CommerzSystems од групацијата на Commerzbank, претставници од Adobe, Google, Microsoft, итн.

Веб страна: http://www.codefest.eu/codeference

Вториот дел од настанот претставува веќе добро познатиот програмерски маратон Codefest Marathon, кој започнува на 16.04 (сабота) во 09:30 часот и на кој во текот на 32 непрекинати часови, 30 тимови од студенти од земјата и странство ќе се натпреваруваат со своите идеи и ќе развиваат ИТ решенија. Настанот завршува на 17.04 (недела) во 16:00 часот со свечена церемонија и прогласување на победниците. http://www.codefest.eu/marathon

Паралелно со конференцијата и маратонот, сите три денови ќе се одвива и Бизнис Експо како трет дел од Codefest 2016 на кое ќе учествуваат повеќе компании од технолошката сфера во Македонија и регионот. http://www.codefest.eu/cfexpo

Целиот настан е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.