Едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ доставена до Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија

Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, денеска во просториите на Министерството за култура на Република Македонија одржа прес-конференција по повод свеченото доставување на повеќе од сто наслови од капиталната едиција „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија.

Исто така, во рамките на оваа активност, која се реализира со одлука на Владата на Република Македонија, државниот секретар Бехиџудин Шехаби, достави и донација до Националналната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Се работи за дела на албански автори кои се дел од капиталните едиции на Министерството за култура.

„Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија ја докажа својата кредибилност како институција и заслужува поддршка и ние, како Министерството за култура, ќе продолжиме и во иднина да ги подржуваме нивните активности на полето на научната и културната дејност“, истакна во своето обраќање за време на прес-конференцијата државниот секретар Шехаби.

Во контекст на срдечните заложби и довербата, директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија, д-р Скендер Асани, се заблагодари за донацијата и посочи дека овие едиции несомнено ќе го збогатат книжевниот фонд на библиотеката. Тој додаде дека Министерството за култура и државниот секретар Шехаби во неколку наврати ја докажаа својата поддршка кон Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија што е од особено значење за афирмација на културните и духовните вредности на Албанците во Македонија.

Министерството за култура во рамките на својата Годишна програма го поддржа и проектот од меѓународен карактер на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија. Се работи за презентација на фотографии и документи од прогонот на Евреите во Втората светска војна, активност што Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Република Македонија го организира во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.

drzaven_3