Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот.
Четвртата годишна конференција „Запознај, види, направи“ се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници.
Овогодишната „Запознај, види, направи” ja пoддржa од Фондацијата Ниархос Ставрос (ФНС), а се организира во партнерство со Историскиот музеј на Скадар, Албанија.
„Запознај, види, направи“ конференцијата е организирана за поттикнување на прекуграничната соработка и размена меѓу музејски професионалци и професионалци за културно наследство на Балканот. Тоа е место за учење и споделување и одлично место за градење на партнерства. На „Запознај, види, направи”, исто така, се слави важната улога на музеите која ја играат во нашите општества.”, изјави Аида Вежић Генералниот секретар на Музејот на Балканската мрежа.
Четвртата конференција „Запознај,види, направи” собра истакнати експерти во музеологија и културно наследство , како и едукатори, историчари, уметници, активисти и професионалци во комуникација да дискутираат за важни теми, споделат знаење, истражуваат нови идеи, да се вмрежат и да се запознаат со други колеги од Балканот и пошироко.
Воведните излагања на „Запознај,види, направи” конференцијата ги имаа Дејвид Андерсон, директор на Националниот музеј на Велс, Велика Британија; Андреја Рихтер, директор на Форумот на словенски култури, Словенија и Дијана Волтерс, Меѓународниот консултант за музеи и културно наследство од Шведска / Велика Британија.
Претходно „Запознај, види, направи” конференции беа организирани во Тирана (Албанија), Сараево (Босна и Херцеговина) и во Нови Сад (Србија).
Музејот на Балканската мрежа е основана во 2006 година со цел да се промовира и да се зачува културното наследство на Балканот. Повеќе информации за БММ се достапни на официјалниот веб-сајт, Фејсбук страницата и Твитер станицата.
Фондацијата CHwB ,Културно наследство без граници, е посветена на зачувувањето, заштитата и промоцијата на културното наследство пред повеќе од 20 години. Повеќе информации за CHwB може да се најдат на официјалната веб-страница.