Во петок, 22ри април во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовиран романот за деца и млади „Новиот ден“ од авторот Смиле Наумоски – Брсјак.
За романот ќе говорат: Бранко Цветкоски, Д-р Мерсиха Исмајлоска и Стојан Тарапуза.
Промоцијата ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Истиот ден веднаш после промоцијата на овој роман, Библиотеката ќе и додели Благодарница на Назмије Денкоски за нејзиниот вложен труд и професионалните заложби во изработка на новата Веб страна на Библиотеката.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги поканува сите љубители на пишуваниот збор во понеделник, 25ти април, да учествуваат на промоција на романот „Непростено“ од авторката Ангелина Петровиќ, која доаѓа од Обреновац – Србија.
Промоцијата ќе започне во 12 часот во просториите на Библиотеката.