ВМРО-ДПМНЕ: ГДОМ и македонскиот народ ја бранат државата од насилните и вандалски постапки на СДСМ

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„Хулиганите, демолирачите, насилниците и уништувачите од СДСМ – Охрид, кои со помош од надвор, за туѓи интереси тенденциозно се одлучни да ја рушат сопствената држава и да го уништат сопствениот народ се дрзнаа да кажат дека нашите сограѓани присилно биле праќани на собирите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Радикална левицо од СДСМ, ако Вие не се чувствувате Македонци ние гордо кажуваме дека сме тоа –МАКЕДОНЦИ, кои секогаш доброволно ќе ја бранат Македонија, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет од предавници како што сте вие.

Нека ви е јасно, со Вас умре и времето кога под притисоци, насилно полневте партиски автобуси со цел вработените од јавната и државна администрација да присуствуваат на Вашите партиски митинзи.

Денес, сите граѓани на Македонија, гордо со крената глава и ведар дух, сложно и достоинствено ќе ја дадат поддршката на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, ќе ја дадат поддршката за Македонија, за уставниот поредок и територијалниот интегритет.

Сите гордо и достоинствено викаме ДА за избори на 5 јуни и НЕ за агресијата, вандализмот и уништувањето што Вие и вашите соработници – соросоиди им го правите на македонскиот народ и држава.

Денес, доброволно и гордо преку ГДОМ кажуваме НЕ на деструктивните сценарија што вие ги „кроите“ за нашава земја и ДА за одбрана на државата и нејзините институции.

ГДОМ и македонскиот народ ја бранат државата од насилните и вандалски постапки на СДСМ кои тргнале да ја уништат и демолираат нашава Македонија.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.