Заев: Го честитам јубилeјот на СДСМ, годинава следи и роденденот на слободна Македонија!

Обраќање, Зоран Заев, претседател на СДСМ

„Почитувани граѓани,

Денеска, на 25 годишнината од основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со гордост порачувам:

-Заедно со вас граѓаните го отворивме патот на самостојна и независна Македонија
-Заедно со вас граѓаните ги изградивме институциите на Македонија
-Заедно со вас граѓаните поставивме мостови меѓу Македонија и светот
-Заедно со вас граѓаните отворивме нови пазари и можности за Македонија
-Заедно со вас граѓаните во време на сериозен воен конфликт ја стабилизиравме Македонија.

Се што направивме заедно, мала криминална група на власт, за лични интереси, 10 години гази и руши во Македонија.

Лани, после отворањето на Вистината за Македонија, ве повикав во заедничка битка за Македонија и повторно одговорно, како што му доликува на овој скромен, трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно ја поведовме битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.

Денес повторно сме ние почитувани граѓани на браникот – вие и Социјалдемократскиот сојуз!

И среќен сум, вредеа сите жртви, до последна:
-Денес сме сплотени повеќе од секогаш
-Зрели повеќе од секогаш
-Одговорни повеќе од секогаш.

Знаеме, си требаме себеси, им требаме на нашите деца, и требаме на Македонија!
Затоа Македонија е на нозе!

Почитувани граѓани,
Време е да отвориме нова страница!

Еднаквоста, слободата, правдата, демократијата не се само зборови!
Еднаквоста, слободата, правдата, демократијата се преспективи!

Социјалдемократскиот сојуз заедно со вас граѓаните повторно застанува зад перспективите на Македонија!
Порачувам – да опстоиме на заложбите, ова се последните чекори до слободна, праведна, демократска Македонија! Татковина подеднаква за сите граѓани!

Чест ми е да го честитам јубилејниот, 25-ти роденден на СДСМ.

Среќен роденден СДСМ, и оваа година, заедно со сите граѓани, независно од каква било различност, да го славиме роденденот на слободна Република Македонија!“