ВМРО-НП нема да учествува на изборите на 5 јуни

ВМРО-Народна партија, чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, објави дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни.

Од партијата велат дека нема да приклучат кон ниту една политичка коалиција.

„ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите во согласност со препораките на меѓународната заедница, кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Договорот од Пржино, предизвика жестоки реакции и на внатрешно-политички план и на меѓународната заедница. Оваа одлука ја избриша демократијата во Македонија, нанесувајќи огромна штета на севкупните политички процеси во земјата, а со тоа ги уништи до темел односите со ЕУ и со НАТО, предизвикувајќи голема разочараност кај нив“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Извор:meta.mk