Продолжуваат успесите на ИО Пионер од Охрид

Викендов од 22ри до 24ти април во поширокиот планински регион на Катлановска Брезица се одржа 43-от Меморијал „Mарко Граорковски” на кој што учествуваа извидници од извидничките одреди од Р.Македонија кои се натпреваруваа во повеќе од 25.различни дисциплини (вештини, вештарства и ориентација во природа).

Првите места во категоријата извидници и помлади извидници ги освоија мешовитите екипи составени од извиници од ИО.Пионер од Охрид и ИО.Феникс од Прилеп.

„Ова е уште една потврда на веќе успешната соработка на двата одреда кои што се на пат да склучат договор за збратимување и продлабочување на заедничката соработка. За потсетување, на минатогодишниот 42-ри Меморијал, помладата екипа од ИО.Пионер го освои првото место.“- велат од ИО Пионер од Охрид.