Основците од „Св.Климент Охридски“ се запознаа со работата на Народната банка на РМ

Учениците од од ОУ Св. „Климент Охридски”- Охрид, заедно со своите одделенески раководители ја посетија Народната Банка на РМ во Скопје.

„Во еден навистина гостопримлив и пријатен амбиент, учениците имаа можност да посетат дел од позначајните простории во банката и преку многу сликовита презентација да се запознаат со работата и начинот на функционирање на Народната Банка на РМ.“–  информираат од училиштето.

slika2

Притоа беше посетена ковачницата, каде учениците непосредно се запознаа со целокупниот циклус на производство и ковање на Македонските монети, како и Музејот на Народна Банка на РМ каде имаа можност да видат една прекрасна збирка на стари пари (монети и банкноти) која е од непроценливо значење за историјата на платежните сретства уште од времето на Филип II и Александар Македонски па се до денес.

slika 3