На 22ри и 23ти април во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Манифестацијата „Образовно Рандеву 2016“ во организација на МАССУМ (Македонска асоцијација на средни стручни училишта).
Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето ја презентираа работата, образовните профили, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло.
Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ вкупно 30 ученици во 12 различни категории под менторство на своите професори и координаторот-ментор на МАССУМ Перчо Божиновски ги покажаа своите знаења, умеења и вештини. На натпреварите учениците постигнаа солидни резултати заземајќи различни места и пласирајќи се од 3 до 36 место во одделните категории: Штанд, Интервју за работа на англсики и македонски јазик, Јавен говор, Маркетинг план, Веб страница, Видео реклама, Фотографија, Модна креација и ревија, Серва, Баскет, Поетска творба и Соло изведувач.
И во иднина училиштето ќе продолжи да учествува на вакви или слични манифестации и натпревари.