Презентацијата на Охрид пред виенската публика, побуди интерес кај неколку влијателни австриски медиуми. Дел од нив со позитивни реакции пишуваа за одржаната промоција во хотел „Бристол“, Виена, каде присуствуваа повеќе од 150 гости.
Во електронското издание на магазинот „Cercle Diplomatique“ , беше објавена фото – галерија од презентацијата на Охрид во Виена, а во печатеното издание ќе биде објавен поширок прилог за презентацијата и можностите што ги нуди Охрид.
http://www.cercle-diplomatique.com/eventsdetails.aspx?eventid=190