Заев во Виена: Ова е битка на визија и вредности

Претседаелот на СДСМ, Зоран Заев во познатиот европски институт, Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена, синоќа, одржа предавање на тема “Македонија на крстосница“, на коешто присуствуваа над 120 истакнати личности, политичари, дипломати, меѓу кои и германскиот посредник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл. „Одбележуваме 75-годишнина од македонската антифашистичка борба. Сојузници во Втората светска војна билеи лево оринетирани и десно ориентирани, демократи и либерали и комунисти и сите зааедно здружени го победиле фашистичкото зло во светот и Европа. Денес после 75 години, ние повторно сме исправени пред освојување…

повеќе...

Позитивни реакции по промоцијата на Охрид во Виена

Презентацијата на Охрид пред виенската публика, побуди интерес кај неколку влијателни австриски медиуми. Дел од нив со позитивни реакции пишуваа за одржаната промоција во хотел „Бристол“, Виена, каде присуствуваа повеќе од 150 гости. Во електронското издание на магазинот „Cercle Diplomatique“ , беше објавена фото – галерија од презентацијата на Охрид во Виена, а во печатеното издание ќе биде објавен поширок прилог за презентацијата и можностите што ги нуди Охрид. http://www.cercle-diplomatique.com/eventsdetails.aspx?eventid=190

повеќе...

Охрид промовиран пред најеминентните туристички работници во Виена

Пред повеќе од 150 присутни, помеѓу кои амбасадори од неколку земји, претставници на туристички агенции, туроператори и новинари за туризам, градоначалникот Бакрачески, го промовира Охрид во Виена, Австрија. Настанот за промоција на Охрид пред најеминентните туристички работници беше во организација на градоначалникот Бакрачески заедно со Амбасадата на Република Македонија во Австрија и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузана Родлер. Присутните преку обраќањето на градоначалникот, видео спотовите и промотивниот материјал имаа можност да ги доловат природните убавини на градот и големиот број на културно историски знаменитости. По завршувањето на…

повеќе...

Голема туристичка промоција на Охрид во Виена

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како најатрактивна туристичка дестинација во регионот, утре ( 22ри април), градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со Амбасадата на Р.Македонија во Виена и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузан Родлер, во Виена организираат голема туристичка промоција на Охрид. На случувањето се очекува да присуствуваат повеќе од 150 гости, претставници на најголемите туроператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија. Присутните на настанот преку видео презентација ќе се запознаат со туристичката понуда на градот која изобилува со природните, културни…

повеќе...

Охрид промовиран во Виена

Во рамки на работната посета на Виена – Австрија, а како дел од планираните средби, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во текот на вчерашниот ден се сретна со група угледни членови на виенското општество, во организација на почесниот конзул на Македонија во Австрија, Сузан Родлер и нашата амбасадорка во Виена,  Василка Попоска – Тренеска. На средбата беа присутни банкари, адвокати, архитекти, лекари, политичари, бизнисмени и други видни луѓе од високите кругови на Виена. Градоначалникот Бакрачески имаше успешна презентација на охридското културно и природно наследство како и на туристичката понуда на…

повеќе...

Средба Груевски – Чакрабарти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти во Виена, Австрија. Премиерот Груевски истакна дека на средбата со претседателот на ЕБОР се разговарало за тековните проекти, вкупно 17, чија реализација во најголемиот дел тече без поголеми застои и проблеми. „Соработката со ЕБОР се одвива преку инвестиции во повеќе сфери како инвестиции во автопатиштата и останатата патна инфраструктура, втората сфера е инвестиции во железница и трето инвестиции во енергетскиот сектор“,истакна премиерот Груевски. Претседателот на ЕБОР Чакрабарти изјави…

повеќе...

Премиерот Груевски на фудбалскиот натпревар ЕУ Западен Балкан во Виена

Фудбалскиот натпревар се одигра во пресрет на Виенскиот самит на земјите од Западен Балкан 2015 чиј што покровител е токму Европската Унија, а започна како дел од Берлинската иницијатива за инклузија на Западниот Балкан во рамките на ЕУ. Западен Балкан го победи тимот на ЕУ со 4:2 на фудбалскиот натпревар кој синоќа се одигра во австрискиот главен град Виена. Премиерот Никола Груевски даде два, а асистираше при реализација на другите два гола. За тимот на идните членки на ЕУ, покрај македонскиот премиер настапија и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи,…

повеќе...

Владина делегација на Самит за Западен Балкан во Виена

Денес во Виена, под покровителство на австрискиот канцелар Вернер Фајман, ќе се одржи Самит за Западен Балкан, каде ќе учествува и Република Македонија со своја делегација, предводена од претседателот на Владата Никола Груевски, а во нејзин состав ќе бидат и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за економија Беким Незири. Самитот се одржува во континуитет на “Берлинскиот процес“, инициран со Берлинската конференција за Западен Балкан, која се одржа под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел во август 2014 година. На Виенската конференција покрај…

повеќе...

Министерот Изаири во посета на УНИДО во Виена

Денес, министерот за животна средина и просторно планирaње Нурхан Изаири, придружуван од Марин Кочов, раководител на Канцеларијата за POPs и Канцеларијата за заштита на озонската обвивка при Министерството за животна средина и просторно планирање престојуваат во Виена во работна посета на УНИДО (United Nations Industrial Development Organization). При посетата, остварена е работна средба со генералниот директор на УНИДО Ли Јонг, неговиот заменик Таизо Нишикава и со директорот на програмата за технички развој и соработка, Огранок за управување со животна средина, Стефан Сикарс. На средбата се разговараше за успешната соработка помеѓу…

повеќе...

Охридската резба на изложба во Рим за чествувањето на св. Кирил

Триесет и пет македонски резби од 14-ти до 20 век изработени од охридски мајстори ќе бидат претставени на изложбата „Уметноста на македонската резба – традиција и континуитет“ во рамки на 47.манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим … Изложбата ја организира Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и ќе биде отворена на 23-ти мај во комплексот „Виторијано“ на фреквентниот плоштад „Венеција“. Посетителите и туристите на италијанската престолнина ќе може да ја видат до 7 јуни. Отворањето на изложбата ќе биде придружено со концерт на…

повеќе...