Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои:
„Недозволиво и недопустливо е во јавноста да се изнесуваат паушални, непроверени и единствено политички мотивирани изјави.
Дали со денешниот манипулативен текст СДСМ Охрид прави обид да преку замена на тези дека некој друг врши притисок и уцени врз вработените, сака да изврши притисок врз нашата администрација.
Отворено Ве прашуваме дали со ваквите манипулативни текстови се обраќате до нашите вработени и при тоа им порачувате „Плашете се само до нас и ако не дојдете на протест ќе има последици кон вас“, притоа отворено ги поттикнувате да вршат насилство врз објектот на Локалната самоуправа.
Очигледно сте ги измешале времињата и никако не ви станува јасно дека повеќе не владеете со Охрид и дена не можете никого повеќе да го приморате од работното место да присуствува на вашите партиски митинзи полнејќи ги вашите партиски автобуси. За среќа на Охрид ваквото однесување е веќе во минатото и е карактеристично само за вас. Сите не се исти. Прочитани сте и провидни и за сето ова еден ден ќе одговарате. “– стои во реакцијата.