На 26.04.2016 година во 01.30 часот во с.Делогожда, струшко, во куќа сопственост на Р.М. (53) од запален оџак настанал пожар при што изгорела половина од кровната конструкција, дел од мебелот во поткровјето и дел од покуќнината.
Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Струга, а повредени лица нема.